ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата официјално листите со кандидати на пратениците за изборите на 12 април ќе ги презентира на јавен настан што ќе се одржи во среда на 11 март, соопшти денеска лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
– Според она што го договоривме, во вторник ќе имаме Централен комитет на партијата, кога ќе бидат усвоени практично пратеничките листи и составот на коалицијата со која што ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на изборите, а во среда веќе ќе имаме настан каде што ќе биде јавна презентација на истите, рече Мицкоски.
На новинарско прашање во врска со преименувањето на две училишта во Чаир, Мицкоски истакна дека ја коментира процедурата , а воопшто не зборува за имињата
Укажа дека за министерот е важно преименувањето на две училишта во Чаир, но не и на пример реформирањето и реконструкцијата на Средното училиште „Кирил Пејчиновиќ” во Тетово каде учениците учат во супстандардни услови.
Мицкоски беше прашам и за коментар за дополнителниот извештај на ЕК што беше објавен вчера.Тој рече дека единствено од извештајот се согласува со барањето да се отпочнат преговори за влез на земјава во ЕУ, но потенцираше дека тој ни оддалеку не ја отсликува реалноста во секторите што се наведени.


