Градоначалникот на Битола Наташа Петровска приреди прием за здруженијата на граѓани Хепар Центар-Битола и „Живот со предизвици” посветени на активности и проблеми со кои се соочуваат лица со ретки болести.
Според информациите на двете здруженија, ретките болести не се заразни, нити преносливи, но принудени се низ кампања за правилно информирање да ги заштитат младите со ретки болести кои според нив често не се прифатени од средината заради непознавање на ретките болести.
На барање на градоначалничката Петровска, двете здруженија наскоро ќе обезбедат точни информации за бројот на лица со ретки болести во градот, а со цел локалната самоуправа да влијае за нивна институционална поддршка.
Симболично, во знак на поддршка, градоначалничката остави свој отпечаток од раката на ликовниот перформанс кој се реализира под мотото „Една наша обоена дланка е поддршка за пациентите со ретко болести низ целиот свет”.
МИА