Вработени од Р.Е. „Паркови и зеленило“ при ЈКП „Дервен“ од Велес, неделава во велешкиот Градски парк засадија 90 дрвца од јавор, јасен и зимзелени дрва.
Засадувањето е дел од годишната Програма на ЈКП „Дервен“ за подигнување на нови зелени површини за 2020, а која претходно ја усвои Советот на Општина Велес
Од ЈКП „Дервен“ апелираат до граѓаните за совесно однесување кон младите засадени садници од дрвца, а кои ќе придонесат за почист воздух во Велес
Претпријатието воедно најавува дека и во наредниот месец ќе продолжи со засадување на млади садници од дрвца, секаде каде што има слободен простор на сите јавни површини и паркови во градот.