Светската ѕвезда Џенифер Лопез е тажна што е прескокната во номинациите за „Оскар“ за филмот “Хастлерс” и признала дека се чувствувала како да ги изневерила сите луѓе околу себе.
-Уште кога почна да се зборува за номинациите за Оскар пејачката и актерка беше една од фавортите за Оскар за најдобра женска споредна улога. Сепак, ниту Џенифер, ниту филмот не успејаа да освојат ниедна номинација, пишува НМЕ.
Таа во емисијата на Опра Винфри рекла дека е малку тажна, токму затоа што многу се зборувало дека ќе добие награда.
– Многу се зборуваше дека ќе освојам Оскар. Велеа- ако не се случи, те се луди. Ги читав сите текстови и верував дека навистина може да се случи спротивното. А кога се случи, се почувствував изневерено а и како да сум ги изневерила сите околу себе, рекла Џенифер.


