Регионален форум за безбедност и здравје при работа во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/20 7:23 AM

Регионален форум за безбедност и здравје при работа во Скопје

Во Скопје денеска ќе почне дводневен регионален форум посветен на безбедноста и здравјето при работа. Целта е да се разменат искуства во оваа област и да се понудат решенија за превенција.

На форумот, на кој ќе учествуваат претставници од седум држави, посебно внимание ќе биде посветено на новите стратегии на синдикатите за безбедноста и здравјето при работа, особено во однос на организирањето и поддршката на претставниците за безбедност и здравје при работа.

Најавено е учество на синдикални експерти за безбедност и здравје при работа од регионот, како и на претставници од надлежните институции.

Форумот го организираат Сојузот на синдикати на Македонија и Европскиот синдикален институт.