Европската комисија наскоро ќе претстави акционен план со кој ќе се најават нови мерки – закони кои ќе обезбедат издржливост на домашните уреди.
Бидејќи го завршија големиот проект со различен квалитет на производи на европскиот пазар, пред Европскиот парламент е нов проблем со кои се соочуваат потрошувачите.
Станува збор за намера да се обезбеди подолг рок на траење на техничките уреди, особено на малите домашни апарати и електрониката, на кои оди голем дел од буџетот на секое домаќинство.
Билјана Борзан, претседателка на Комитетот за заштита на потрошувачите на ЕУ, изјави дека многу граѓани во претходниот период се жалеле дека уредите кои ги користат едноставно престанале да работат кога истекла гаранцијата.
„Луѓето се сеќаваат дека телевизорите, на пример, некогаш траеле дваесет години, а сега се расипуваат веднаш по истекувањето на гаранцијата. Бидејќи инвестициите во овие уреди, лаптопите, мобилните телефони претставуваат огромен трошок, се бориме граѓаните за своите пари да добијат најдобар квалитет“, се вели во соопштението по прес конференцијата организирана по овој повод.
Според зборовите на Билјана Борзан, на ниво на Европската Унија во моментов се спроведува проект за тестирање на издржливост на уредите, кој покажа дека граѓаните најчесто се жалат на рокот на траење на мобилните телефони, машините за перење, телевизорите и правосмукалките, а тоа се токму производите кои во напредниот период ќе се најдат под особено внимание на ова тело.
„Првите резултати покажаа дека уредите прво се расипуваат веднаш по истекувањето на гаранцијата. Повеќето уреди се расипуваат во втората или третата година на користење, а гаранците во ЕУ генерално траат две години. Другите истражувања покажаа дека машините за перење се програмирани на два до две и пол илјади перења, телевизорите 20.000 часа, а се со цел да ги принудат потрошувачите да купуваат понови модели“, изјави Борзанова.
Таа ги повика сите да го разгледаат примерот на Франција, која го забрани т.н. вграден дефект на техничките уреди.
Имено, Франција усвои закон со кој се забранува програмирано влошување, воведе етикети „поправка“ на уредите, како и на броилата за користење, така што потрошувачот може во секое време да знае што да очекува.
Извор: denar.mk