Режисерот Роман Полански ја освои француската награда „Цезар“ за филмот “Обвинувам”. Но, веднаш штом било прочитано неговото име, една револтирана актерка, но и водителка, ја напуштиле салата. На доделување на овие награди претходеа протести на Здруженија за заштита на женските права, веднаш откако беше објавено дека филмот на Полански е номиниран во 12 категории.
Полански, американското правосудство го осуди за силување на малолетнички а издржувањето на казната ја избегнал откако побегнал во Франција во 70тите. Тој ја признал вината за малолетничката во 1977 година и осуден на 90 дена затвор, но по 42 ден бил ослободен. Кога дознал дека судијата сакал да му досуди повеќегодишна казна, побегнал.
Полански не дошол на доделување на наградите а ја напуштија и актерки кога го слушнале неговото име. Меѓу нив била и Аделе Хаенел.
“Срамота”, викнале додека излегувале од салата а во холот извикувале: “Браво, педофилу.”
“Оддавање признание на Полански е плукање во лице на жртвите. Тоа значи дека силувањето жени сепак не е така лошо”, рекла Хаенел за Нјујорк Тајмс.
Роман Полански повторно е на мета со нови обвинувања за силување од Французинката Валентин Моније, но тој негира. Таа го обвини за силување по обинувањата од повеќе жени во последните години за казнени дела кои се сметаат за застарени.