Шенон Доерти, ѕвездата на „Беверли Хилс“ не лаже: Борбата беше залудна, ракот повторно се врати – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/20 1:43 PM

Шенон Доерти, ѕвездата на „Беверли Хилс“ не лаже: Борбата беше залудна, ракот повторно се врати

Шенон Доерти (48) ѕвездата од тинејџерската серија „Беверли Хилс“ сеуште се бори со туморот, кој се поврати и е во четврта фаза. Крај неа се нејзините најмили,  неколку нејзини пријатели, кои ја поддржуваат и и советуваат да води здрав живот додека се бори со ракот.

-По една година борба со ракот кој се враќа и со други стресови, повторно се враќам на истото.  Се грижам за себеи се храбрам. Не секогаш е лесно Има денови кога сум во депресија или кога  сум мрзлива, напишала таа.

Минатиот месец таа открила дека ракот на дојка и се вратил, откако во 2017 година влезе во ремисија.

– Прашање на време е кога ќе ми речат дека сум во четврта фаза. Значи ракот се врати и затоа сум тука, изјавила Доерти во емисијата „Добро утро Америка“. Следниот ден во интервју за АБЦ кажала дека нема да објавува многу постови на социјалните мрежи за да не биде непријатна.

-Сакам само позитивно, сакам да бидам светилник на други луѓе или барем некој со коој лугето можат многу искрено да поразговараат за тоа колку им е тешко. А јас сакам да бидам отворена и искрена. Ќе копам длабоко во себе за да ја пронајдам силата која ми е потребна за да се соочам.  Се молам сето тоа да го направам достоинствено и грациозно, напишала таа меѓудругото.