(Видео) Запленета марихуана и откриена софистицирана лабораторија за производство во с.Булачани – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/20 1:00 PM

(Видео) Запленета марихуана и откриена софистицирана лабораторија за производство во с.Булачани

Во текот на вчерашниот СВР Скопје, единицата за недозволена трговија со дрога, открила 69 саксии од расад марихуана и е откриена софистицирана лабораторија за производство на истата.27-годишно лице од Скопје е приведено вчера во скопски хиподром, кај кого биле пронајдени две паковки марихуана од типот „Сканк“, која е висококвалитетна марихуана како  и дигитална вага.За производство и чување на овој тип на марихуана биле потребни софистицирани и посебни услови.По наредба од судија на предходна постапка извршен е претрес во домот на лицето во село Булачани, каде била откриена софистицираната лабораторија со потребните услови за производство на марихуаната-истакна  Ристо Ставревски, Началник на СВР Скопје.

Запленетата марихуана на црниот пазар достигнува вредност од над 5000 евра во денарска противвредност за килограм, или 5 евра по семка за расад, рече Ставревски.Семето не може да успее во нашата земја, односно морало да биде увезено од Холандија.

Дрогата била наменета исклучиво за македонскиот пазар.Во лабораторијата било пронајдено и масло кое било произведено од истиот тип на марихуана

Во наредниот период ќе се работи на откривање на останати лица кои учествувале во производство на марихуаната во лабораторијата и нејзина понатамошна трговија.