Во недела на МТВ, промоција на песната која Васил ќе ја пее на Евросонг – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/20 12:26 PM

Во недела на МТВ, промоција на песната која Васил ќе ја пее на Евросонг

В недела ќе биде промовирана евровизиската песна „YOU“, со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам, Холандија. Автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната,  заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли, Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Видео записот за песната го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.  Спотот е снимен во кафе барот „Churchill“ во Скопје.

Според договорот на МТВ и ЕБУ, официјалната промоција на песната за македонската јавност  ќе биде на 8-ми март во Дневникот 2 на МТВ, по што песната со видео спот ќе биде објавена и на официјалниот евровизиски јутуб канал ( https://www.youtube.com/user/eurovision ) во точно 20:00 часот.