Холандскиот парламент в четврток ќе дебатира за проширувањето – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/20 12:11 PM

Холандскиот парламент в четврток ќе дебатира за проширувањето

Холандските пратеници од комисијата за европски прашања на петти март ќе разговара за проширувањето кон западниот Балкан, информира холандскиот парламент.

Станува збор за „процедурална средба” на парламентарната комисија за европски прашања на која пратеници ќе „одлучуваат за начинот на кој ќе се третираат” разни документи, вклучително и „владини ноти” за проширувањето на ЕУ и западниот Балкан. Но и за буџетот на ЕУ, работната програма на Европската Комисија, Брегзит и Конференцијата за иднината на Европа.

Позициите на холандскиот парламент за проширувањето ја обврзуваат владата потоа во Европската Унија. Минатата година, холандскиот парламент се изјасни против отворањето преговори со Албанија, но позитивно за Северна Македонија.

Пратениците ќе треба да ги разгледаат последните извештаи за напредокот во реформите на Скопје и Тирана како и предложената ревидирана методологија за пристапните преговори.

МИА