Денес во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер (над 70 км/час) од јужен правец, особено во источните делови.
Под влијание на циклонска активност и влажна и нестабилна воздушна маса, попладне и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират во поголем дел од земјава.
Во текот на ноќта и утре врнежите на места ќе бидат пообилни (20 до 30 л/м2), локално во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над80 км/час).
Во Скопје кон крајот на денов и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во вториот дел од ноќта и утре претпладне. Во текот на ноќта ќе дува повремено силен ветер.


