Путин сака во Уставот да воведе дека бракот е заедница од маж и жена – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/20 10:43 AM

Путин сака во Уставот да воведе дека бракот е заедница од маж и жена

Рускиот претседател Владимир Путин денеска достави амандман до Руската државна дума со која се признава бракот како унија на маж и жена, изјави за новинарите потпретседателот на партијата Дума, Пјотр Толстој.

„Најважниот предлог е да се вметне концептот за брак како унија на маж и жена во Уставот и драго ми е што овој амандман беше инициран од шефот на државата“, рече Толстој.

Путин минатиот месец рече дека сè додека е тој на власт, во Русија нема да има легализирани истополни бракови. Порача дека нема да дозволи традиционалните називи – „мајка“ и „татко“ да се заменат со „родител 1“ и „родител 2“

Тоа е една од предлозите за измени на Уставот, што денеска ги даде рускиот претседател. Критичарите на неговиот режим сметаат дека Русија го менува Уставот за Путин да може да остане на власт и по 2024 година кога му истекува мандатот.