Пендаровски во посета на припадниците на Армијата на јужната граница – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/20 7:27 AM

Пендаровски во посета на припадниците на Армијата на јужната граница

 Претседателот на Републиката и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска ќе изврши обиколка на припадниците на Армијата стационирани на јужната граница на државата.

Потоа, како што соопшти неговиот кабинет, Пендаровски ќе го посети Транзитниот центар кај Гевгелија каде се врши регистрација на мигрантите.