Обединета македонска дијаспора (ОМД) му честиташе на Ернесто Талви, човек со македонско потекло по татко, кој вчера стана министер за надворешни работи на Уругвај. Министерот Талви има импресивно и долго искуство како политичар и економист.
Му посакуваме успешен мандат како министер за надворешни работи и се надеваме дека Уругвај и Македонија ќе ги зајакнат своите билатерални и трговски односи под негово водство.
ОМД


