Messenger добива нов дизајн – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/20 3:52 PM

Messenger добива нов дизајн

Од Facebook најавија промена во дизајнот на нивната многу популарна апликација Messenger. Поточно, најавено е дека опцијата Discovery ќе биде отстранета, и дека сето тоа ќе започне од следната недела.

Едноставност како примарна цел на Messenger

За време на изминатите модификации на оваа апликација, Facebook ја воведе опцијата разговор преку Discovery табот во апликацијата Messenger. Меѓутоа, со ова не се прославија, па сега решија едноставно да ја отстранат оваа опција. Тоа е една од главните новости кој новиот Messenger ќе ги донесе со себе. Новиот шеф на производи, Стан Чудновски, реши на апликацијата да и го врати стариот сјај со тоа што ќе ја направи едноставна, брза, ефикасна, но и она што беше во основа, а тоа е услуга за размена на пораки. Исто така, Discovery табот ќе биде избришан затоа што не го донесе со себе успехот кои го очекуваа од Facebook.

Од апликацијата Messenger ќе биде избришан​ и табот Instant Games, кој овозможи играње игри. На оваа платформа нема да можете да пристапите ниту преку главната Facebook апликација. Со нов изглед, апликацијата ќе го промовира табот People, каде што можете да видите квадрати кои ги промовираат вашите пријатели со неодамна ажурирани Facebook приказни. Ова ќе ја забрза комуникацијата, па затоа внимателно гледајте кога и до вас ќе дојде новото ажурирање кој од Messenger повторно ќе направи апликација вредна за внимание.

Извор: denar.mk