Кинеската администрација за човечки ресурси призна 16 нови професии за да биде во чекор со економскиот и технолошкиот развој.
Новите професии, главно во развојните и услужните сектори, вклучуваат техничари за паметно производстводство, индустриски интернет техничари, техничари за виртуелна реалност, менаџери за синџир на снабдување, тренери за вештачка интелигенција, унифицирани менаџери за медиуми, респираторни терапевти, се вели во соопштението на Министерството за човечки ресурси и социјално осигурување.
Како што се движи кинеската економија кон квалитетен развој, во различни индустрии се појавија нови работни места кои бараат нови вештини и знаење, објави Меѓународното кинеско радио (CRI).
Создавањето нови работни места може да го потикне развојот на сродните индустрии, да го зголеми вработувањето и да го зајакне стручното образование и обуката, се вели во соопштението.
Ова е втор пат Кина да додаде нови професии на својата листа. Кина во април 2019 година ги објави првите 13 нови занимања.
Извор: denar.mk