Го избркаа, па сега го молат да се врати- Џони Дип повторно пират – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/20 3:28 PM

Го избркаа, па сега го молат да се врати- Џони Дип повторно пират

Култниот серијал на студиото „Дизни“,  кој заработи милијари повторно ќе се снима. Ова е шесто продолжение  а на чело на актерската екипа повторно е ликот  Џек Спероу, односно Џони Дип.

Сите останаа зачудени на оваа објава на „Дизни“, бидејки пред извесно време му дадоа отказ на актерот, поради објавените детали од разводот на Дип со актерката Амбер Херд и обвинението дека физички ја малтретирал.

-Изгледа дек се е заборавено, бидејки првиот човек на „Дизни“ го моли актерот  да се врати, изјавил неименуван извор, близок на првите луге на „Дизни“.

Тој додал и дека најверојатно во „Дизни“ повторно го засакале откако Џони поднесе тужба вредна 50 милиони долари против Амбер, а со тоа, веројатно, ја докажал својата невиност а и ја вратил довербата кај фановите од целиот свет.  Неодамна актерот за американските медиуми откри дека челните луѓе на „Дизни“ сакале да го отпуштат уште на првиот сет поради „чудно прикажување на ликот на капетанот Џек Спероу“.

“Продуценти сакаа да ми дадат откас бидејки не разбраа што работам.  Се плашеа дека луѓето нема да разберат што зборувам кога сум во улогата. Дури размислуваа да стават титл додека јас зборувам,“, изјави актерот.

Фото: dhakatribune.com