Филипче: Состојбата е под контрола, ќе се тестираат двајца лекари кои биле на конгрес во Мадрид – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/20 1:17 PM

Филипче: Состојбата е под контрола, ќе се тестираат двајца лекари кои биле на конгрес во Мадрид

Единствената заболена пациентка во земјава од Корона вирусот е во добра состојба на клиниката на инфективни болести,веќе трет ден нема температура, и почнува раната фаза на опоравување-истакна денес на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.Во изминатото деноноќие нема нови пациенти кои се јавиле и кај кои е индициран тест за „Корона“.Изолацијата се одвива добро, епидимиолозите се во редовен контакт со луѓето кои се во карантин во домашни услови.

Во тек е набавката на количина на дезинфекциони средства за училиштата, и за дополнување на резервите, се очекува утре веќе да бидат дистрибуирани во училишните установи, информираше Филипче

Викендов се пристигнати 10-тина автобуси во земјава преку ГП „Табановце“,сите патници се испрашани, нема податок дека е некој заболен ниту дека бил во контакт со некој од критичното подрачје од Северна Италија.

СЗО во текот на вчерашниот ден известиле дека двајца лекари од Македонија биле на конгрес во Мадрид, каде што во текот на вчерашниот ден кај еден од предавачите било потврдено дека е заболен од вирусот.Докторите стигнале во земјава доцна вечерта во саботата, во текот на вчерашниот ден биле во домашни услови и немале контакт со други луѓе освен со домашните.Денеска ќе бидат тестирани и после тоа ќе им биде препишан здравствен надзор во времетраење од 14 дена во карантин.Заради малиот временски период кој го поминале со предавачот мали се шансите тие да бидат заразени, а уште помал е ризикот да биддат преносители, истакна Филипче.

Заради административниот проблем при регистрација за алкохол за дезинфекција на раце, Филипче препорача дека може да се користи е Изопропил, којшто го има во аптеките и има ист ефект.

Денеска за прв пат се појави вирусот во Ерменија, Чешка и Ирска.