Туристите кои ќе го посетуваат Амстердам веќе нема да можат да ја посетуваат улицата на црвените фенери, односно Црвениот кварт, пишува весникот Евенинг Стандард. Амстердам е град, синоним за хедонизам и разврат, сепак, според новиот закон, туристите нема да можат веќе да ги гледаат продавачките на љубов . Новото правило ќе стапи на сила од први април и ја има за цел има борбата против прекумерниот туризам во овој дел од градот, на кој е сместена популарната улица. Новиот закон им оневозможува на туристичките водичи и туристичките агенции во Де Вален да имаат тури со посета на излозите со сексуални работници.
Замјеник градоначалникот, Виктор Еверхардт рекол дека е непримерно сексуланте работнички да се третираат како туристичка атракција
-Тие не се туристичка атракција и затоа турите во Де Вален ќе бидат забранети. Прошетката надвор од Црвениот кварт се дозволени, но само ако се водичот или посетителите се придржуваат со новите правиле. Ова ќе помогне да се спречи досадувањето на ќителите и работата, рекол тој.
Секој туристички водич кој ќе го прекрши правилото по шест недели, време на прилагодување, откако ќе стапи на сила законот, ќе биде казнет со 190 евра и посетата веднаш ќе биде прекината. Ако протоколот го прекрши три пати, водичот ќе ја изгуби дозволата за работа а агенцијата ќе добие казна меѓу 2.500 и 7.500 евра.
Сепак, туристите и понатаму, не во група, туку сами ќе ја посетуваат оваа улица. Амстердам се соочува со голем пораст на туристички активности последните неколку години. Се проценува дека градот во 2018. Година го посетиле 19 милиона туристи, а се очекува до 2025 година тој број да се зголеми на 29 милиони посетители.
Ова е само уште еден чекор на градските власти во борбата против прекумерен туризам. Во последните две години тие го ограничија бројот на деновите за изнајмување смештај на Аирбнб, а и таксите за престој во собите на почетокот на годинава се зголемени.