Најдлабокото езеро во светот – Бајкалското, Русите го викаат и „синото сибирско око“ зашто проѕирноста на водата е до 40 метри.
Рускиот фотограф Вадим Макоров деновиве со три пилоти прелета преку Бајкалсото Езеро, а потоа авионот успешно слета врз тенкиот слој мраз на површината на езерото.
Поради тенкиот и доста испукан мраз, предупредувањата за (не)сигурноста биле многу строги, меѓутоа тимот пилоти успеал да го спушти авионот.