Најголемиот уметнички музеј преживеа монархии, пожар и војни, но загриженоста поради корона вирусот го затвори Лувр.
„Лувр нема да биде отворен оваа недела, на 1 март. Персоналот ќе се собере и ќе дискутира за здравствената ситуација и превенциските мерки за корона вирусот, преземени од музејот по инструкциите од власта “, гласеше изјавата од Лувр.
Не се знае кога домот на Давинчиевата „Мона Лиза“ и пола милион останати уметнички дела, ќе биде повторно отворен.
Персоналот, како што беше наведено во соопштението, ќе одржи уште еден состанок денеска со комитетот за здравје, безбедост и работни услови.
Во Франција досега има 100 потврдени случаи на корона вирус и два смртни случаи од истиот.
Во саботата француската влада објави наредба да се откажат сите јавни собирања на повеќе од 5000 луѓе во ограничени простори.