Женското трио „Хурикејн“ ќе ја претставува Србија на Евровизија – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/20 10:46 AM

Женското трио „Хурикејн“ ќе ја претставува Србија на Евровизија

Женското трио „Хурикејн“ со песната „Хаста ла виста“  ќе ја претставува Србија на Изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Ротердам, Холандија. Тие вчера  победија на „Беовизија“, фестивал во Белград од кој се бира српскиот претставник, и тоа со најголем број гласови и од жирито и од публиката.

Во групата „Хјурикејн“  членуваат трите девојки,  Сања Вучиќ, која своевремено ја претставуваше Србија на Евросонг,  Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ, која е попозната како  ќерка на црногорскиот  пејач Ненад Кнежевиќ Кнез.

– Вредно работевме да бидеме што подобро и се исплатеше. Нема причина за скромност кога дадовме се од себе и и кога знаеме дека ја заслуживме победата.  Трите сме такви, едноставно си ја гледаме својата работа, не туѓата.  Секој од нас има право да се бори за себе и да се натпреварува – изјавиле девојките за ало.рс.

Секс, Холивуд и татина миленичка-Кои се „Хурикејн“?

Членките на групата „Хурикејн“, кои ќе ја претставуваат Сбрија на Евросонг, постојат неколку години и откако снимија четири песни на  англиски, минатата година ја снимија песната „Фаворито“ и за неколку дена  собтраа милионски прегледи на Јутјуб. Токму спотот за оваа песна, кој содржи многу жешки сцени го предизвика вниманието на јавноста а сега со Евросонг уште повеќе се заинтересирани кои се трите девојки.

Сања Вучиќ во 2016 година ја претставуваше Србија на Евросонг а тогаш, според таблоидот „Сан“ се случил и секс скандалот, кој таа го предизвикала. Според весникот Сања  се обидела да го заведе британскиот претставник  Џо Вулфорд, па дури и го наговарала да дојде во нејзината соба во хотел.

Ксенија Кнежевиќ, пак, е татина ќерка на црногорскиот пејач Ненад Кнежевиќ Кнез и во 2013 година како 17годишно девојче се обидела да ја претставува Србија на Евросонг, но не победила на „Беовизија“. Четири години била во среќна врска, но името на дечкото не го открива.

Ивана Николиќ, пак, предизвика внимание со сликата на која е заедно со холивудскиот актер Џони Дип, додека тој снимаше во Србија.  Но, пред да тргнат трачевите за наводна врска таа рече дека се сликала како негова обожавателка, му кажала дека е пејачка и го поканила на нивен настап на Карибите.

Извор: index.hr