Филипини: Чувар што ја загубил работата во заложништво држи 30 луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/20 10:08 AM

Филипини: Чувар што ја загубил работата во заложништво држи 30 луѓе

Филипинската полиција опколи трговски центар во кој вооружан напаѓач отворил оган, ранил едно лице и зел 30 како заложници.

Властите велат дека станува збор за незадоволен чувар, кој неодамна ја загубил работата во трговски центар во Манила.

„Едно лице е застрелано и пренесено во болница“, соопшти за медиумите Френсис Замора, градоначалник на Сан Хуан, каде се наоѓа трговскиот центар.