Koронавирусот се рашири во повеќе од 60 земји, бројот на починати надмина 3.000 – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/20 10:02 AM

Koронавирусот се рашири во повеќе од 60 земји, бројот на починати надмина 3.000

Вирусот веќе се рашири во повеќе од 60 земји, а повеќе од 3.000 луѓе умреа од ковид-19. Повеќе од 88.000 се заразени, на секој континент освен на Антарктикот.

Австралија и Тајланд во неделата ги објавија првите смртни случаи, додека Доминиканската Република и Чешката Република ги регистрираа првите заразени. Хрватска веќе го има осмиот заразен.

Италијанските власти соопштија дека бројот на заразените во земјата се искачил на 1.694 , а уште петмина починале, со што бројот на починатите таму достигна 34. Заразени во во Франција се 130, што претставува зголемување за 30 на ден. Кина, каде што почна епидемијата во декември, денеска пријави 202 нови случаи, што е најниско зголемување од 21 јануари. Најголем број од новите заразени се во градот Вухан, но исто така, регистрирани се и 2.570 оздравени пациенти. Вкупниот број заразени во Кина сега е 80.026, со 2.912 починати.

Јужна Кореја е втора во светот со 4.212 заразени, претежно во и околу југоисточниот град Даегу. Таа пријави 22 починати. Бројот на починатите во Иран се искачи на 54, а бројот на заразените скокна преку ноќ за повеќе од половина, на 978. Бројот на заразените во САД се искачи на најмалку 88 со два смртни случаја, двата во државата Вашингтон.

Додека вирусот предизвикува сериозна болест главно кај постарите лица и оние со веќе постоечки здравствени проблеми, повеќето имаат благи симптоми, а некои заразени очигледно не покажуваат никакви симптоми.