Лидерот на сектата која со вирусот „Корона“ зарази околу 2000 лица во Јужна Кореја се извини – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/20 10:04 AM

Лидерот на сектата која со вирусот „Корона“ зарази околу 2000 лица во Јужна Кореја се извини

Лидерот на христијанската секта од Јужна Кореја, Ли Ман-Хе, се извини од името на своите членови.Сектата се поврзува со околу половина од случаите кои се заразени со вирусот.

-Сакам искрено да им се извинам на сите сограѓани во име на нашите членови, рече Ли Ман-Хе, пренесуваат француските медиуми.

Градските власти во Сеул, од државниот обвинител бараат да биде покренато обвиени против Ли Ман-Хе,кој е основач на црката „Шинчонџи“ и против уште11 други лица.

Здравствените власти тврдат дека припадниците на сектата минатиот месец во градот Даегу се заразиле едни со други, а потоа вирусот го прошириле низ земјата.Постои сомнение дека тие и ги криеле имињата на заразените членови на црквата кои официјалните лица се обиделе да ги пронајдат пред вирусот да се прошири.