Време: Денеска до 20 степени, од утре повремен дожд, кој в среда ќе биде пообилен – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/20 7:02 AM

Време: Денеска до 20 степени, од утре повремен дожд, кој в среда ќе биде пообилен

Денес во раните претпладневни часови во западните делови ќе има локален слаб дожд, а преку денот насекаде ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, во западните планински подрачја повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе досетигне до 20 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со поверемни врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат в среда.