Холивудскиот пар Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс се разведуваат. Ова го пишува американскиот магазин Старс, повикувајки се на извори блиски на семејството.Тие тврдат дека Кетрин би можела да го напушти Мајкл и да затражи развод и покрај тешките моменти кои ги поминува семејството.-Таа веќе со години е несреќна, но се труди да го држи семејството на куп заради децата и заради свекорот Кирк. Сега Кирк го нема, децата се веќе пораснати и нема потреба веќе да се мачи, кажал близок извор на Стар.
Изворот рекол и дека таа му била најголема поддршка на Кирк додека Мајкл постојано бил насочен на својата кариера.
-Таа сега сака да се посвети на својата кариера и да побегне од Мајкл и неговите глупости – рекол изворот.
Кетрин и Мајкл се во брак од 2000. година и го имаат синот Дилан (19) и ќерката Керис (16). Дали ова ќе биде вистина ќе покаже времето. Кирк неодамна почина и имотот од 60 милиони долари не го остави на синовите. Околи 50 милиони долари ги подари во хуманитарни цели а се уште не се знае што ќе се случи со останатите 10 милиони.
Фото: usmagazine.com