Расте бројот на заразени и починати од Ковид-19 во Италија – ММС
ММС

Објавено на: 02/29/20 4:40 PM

Расте бројот на заразени и починати од Ковид-19 во Италија

Во Италија уште четири лица починаа од Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 21, а бројот на заразени се зголеми од 650 на 821.

Епидемијата на новиот коронавирус во Италија почна минатата недела во северните региони Ломбардија и Венето.

Ломбардија ќе побара од Владата во Рим мерките против ширењето на вирусот да останат во сила уште една недела, соопшти регионалната Влада.