(видео)Компаниите влегуваат во партнерство со институциите за да заработат, а не од љубов кон граѓаните – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/20 7:30 PM

(видео)Компаниите влегуваат во партнерство со институциите за да заработат, а не од љубов кон граѓаните

Надзорот е клучен. Приватниот партнер влегува во партнерство со инстуциите, односно јавниот партнер за да заработи. Поради тоа, општината, државните институции, министерствата се тие што треба да го заштитат интересот на граѓаните. Ова е ставот на Тамара Мијовиќ Спасова, која заедно со Мирослава Трајановски, на темата јавно приватно партнерство зборуваа во емисијата Стадион на Канал 77.  Спасова од Аналитика и експертот  Трајановски, потенцираат дека Државниот завод за ревизија главно има негативни забелешки за јавно приватното партнерство. Според нив судските лавиринти го уништија проектот Депонија Дрисла.