Негативни се резултатите на корона вирус кај возачот на комбето и двајцата пациенти кои побегнаа од штипската болница – ММС
ММС

Објавено на: 02/29/20 12:47 PM

Негативни се резултатите на корона вирус кај возачот на комбето и двајцата пациенти кои побегнаа од штипската болница

Единствената пациентка којашто е позитивна на корона вирус е во добра општа здравствена состојба и се лекува на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Веќе втор ден нема температура, претпоставувам дека многу скоро ќе почне и закрепнувањето, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Негативни се резултатите на корона вирус кај двајцата пациенти, возачот на комбето и пациентот кој вчера со девојката побегнале од штипската болница. Нема податоци дека има заболени наши државјани, ниту пак наши државјани кои се во карантин и кои живеат во регионот на Северна Италија.

Нема простор за паника. Апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство за заштита од корона вирус, потенцираше Филипче.