Арамија од Лос Ангелес, САД, украл возило на служба за погреби од пред грчка православна црква во Пасадена, но не претпоставувал дека совозач на патот ќе му биде покојник во автомобилот.
Од полицијата наведуваат дека возачот за момент го оставил возилото пред црквата со вклучен мотор и излегол на кратко. Крадецот го искористил тој момент и го стартувал возилото во кое било и телото на покојникот.
Во порака на Твитер, областниот шериф го повикал арамијата да го врати покојниот. Сепак, арамијата бил брзо фатен, откако на автопат направил сообраќајка – се судрил со друго возило, во која сите поминале без повреди, а без последици завршило и телото на покојниот.


