Маж и жена избегале од карантинот на Инфективното одделение во Штип, по што се ставени во домашна изолација – ММС
ММС

Објавено на: 02/29/20 6:58 AM

Маж и жена избегале од карантинот на Инфективното одделение во Штип, по што се ставени во домашна изолација

Маж од Виница и неговата партнерка, државјанка на Хрватска, без дозвола го напуштиле карантинскиот дел на Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип, по што отишле во домот на виничанецот, каде веднаш се ставени во изолација. Тие претходно пријавиле во Инфективното одделение дека стравуваат оти имаат симптоми на коронавирус по посетата на Италија.

Ова синоќа за МИА го потврди министерот за здавство Венко Филипче, кој рече дека мажот и жената не се вратени во Инфективното одделение, туку се во изолација во домот на виничанецот.

– Избегале, но дома отишле, се исплашиле. Не се вратени во Инфективното одделение, дома се во изолација. Ова ми го соопштија од МВР – изјави Филипче.

Мажот и жената го напуштиле без дозвола Инфективното одделение откако искршиле еден од прозорците на болничката соба.