Сончево со мала до умерена облачност и со максимална температура до 14 степени е прогнозата на УХМР за денеска.
Слично време со малку повисока температура се очекува и утре. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и топло време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер.



