Спортските натпревари во земјава до 6-ти март ќе се играат без публика – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/20 4:03 PM

Спортските натпревари во земјава до 6-ти март ќе се играат без публика

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија спортските федерации одлучија претстојните натпревари да се одиграат без публика.

„Сите натпревари од 21. коло на Прва МФЛ и 15. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад ќе се одиграат без присуство на публика“-се вели во соопштението од ФФМ, и  Кошаркарската федерација на Северна Македонија официјално потврди дека сите натпревари кои се во организација на федерацијата ќе се одиграат без присуство на публика.Потврда дадоја и од РФМ.

Ракометарите на Вардар утре ќе го играат последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите, а го пречекуваат францускиот Монпеље.
Победа над францускиот тим, под услов и Порто да загуби на гостувањето кај Мешков Брест ќе му донесе на Вардар полесен противник во осминафиналето.