Будно ја следиме ситуацијата во Турција и согласно тоа ќе носиме понатамошни одлуки, рече денеска во Штип, дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на заканите од турскиот претседател Ердоган за отварање на границите кон Европа за бегалците од Сирија.
„Во моментот на јужната граница, која што е практично главниот премин од каде што доаѓаат мигрантите, се распоредени доволен број полицајци од странските држави кои ни помагаат, меѓутоа ја следиме будно ситуацијата во Турција и согласно тоа ќе донесеме одлука за распоредување дополнителни сили и од македонската полиција“, рече Петровска, која смета дека засега посериозна закана за земјава нема.


