Во Србија нема заразени со коронавирус, ќе се набават пет милиони хируршки маски – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/20 2:33 PM

Во Србија нема заразени со коронавирус, ќе се набават пет милиони хируршки маски

Во Србија до денес не се пријавени случаи на заболени од коронавирус (КОВИД-2019), соопшти Министерството за здравство.До вчера во нациоанлната референтна лабораторија на Институтот Торлак биле тестирани 25 лица и сите биле негативни на вирусот „Корона“.Министерството за здравство потсетува дека симтомите на болеста се треска и кашлица, а за да се намали ризикот од инфекција потребно е сите да се грижат за личната хигиена и да ги следат упатствата на Министерството.

На граѓаните кои чувствуваат симптоми им се препорачува да останат дома, да не одат на јавни места, работа, училиште, градинка.

-Ако сте дојдени од Кина или северна Италија или друо жариште, контактирајте го Министерството за здравство. Останете дома 14 дена и намалете ги вашите контакти, се порачува во видеото.

За апотеките и здравствените установи во Србија ќе бидат набавено пет милиони хируршки маски, а здравствените власти планираат да ја ограничат нивната куповина, односно едно лице да може да купи неколку парчиња, пишува денешна „Политика“.

-Во државните аптеки имаше маски, но не и во сите приватни. Имаме доволно резерви за се што е потребно доколку се појави коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство.

Од Сојузот на приватните аптеки на Србија потенцираа дека нано-маските кои ги увезувале, повеќе не пристигнуваат затоа што некои од земјите кои ги производуваат решиле да ги сочуваат за своите граѓани.