УХМР најавува дожд и засилен ветер: Град Скопје апелира да се избегнува движење по патеки покриени со дрвја – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/20 2:24 PM

УХМР најавува дожд и засилен ветер: Град Скопје апелира да се избегнува движење по патеки покриени со дрвја

На официјалната фејсбук фан страница на Град Скопје испраќаат аперл до граѓаните согласно најавите на УХМР и можноста за повторни врнежи на дожд и засилен ветер во текот на денешниот ден, апелираат да избегнуваат движење по патеки покриени со дрвја, да избегнуваат да ги паркираат возилата во близина на дрвја.

Евентуалните настанати штети граѓаните може да ги пријавуваат на бројот 195.

Информираат дека екипите на Град Скопје ја следат состојбата на терен и истите се подготвени да интервенираат за санација на штетите предизвикани од евентуално невреме.