Полската манекенка Александра Садоњска (25)во целост го изгуби видот на едното око откако се одлучи да ги истетовира белките во очите. Лекарите и рекле дека е прашање на време кога ке ги изгуби видот и на другото око и потполно да ослепи.

Таа се одлучила да ги истетовира очите за да го ископира полскиот рапер и боксер Попек, кој исто така ги поцрнел белките во очите. Откако го истетовирала окото на тату мајсторот му се пожалила дека има болки а тој ја советувал дека е нормално и и препорачал да испие лек против болки, објави „Унилад“.

Раперот Попек, кој и бил идол (фото: fightworld.net)
Манекенката решила да го тужи тату мајсторот а истрагата покажала дека додека и го тетовирал окото направил многу грешки. Тој користел мастило наменето за тетовирање на кожа, која не смеела да дојде во допир со очите. Заради ова би можел да добие неколку години затвор. Но, тату мајсторот изјавил дека не се чувствува виновен, а разрешницата за овој случај се очекува наскоро


