(Видео) Запленет „бетмобил“ во Москва – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/20 1:02 PM

(Видео) Запленет „бетмобил“ во Москва

Полицијата на руската престолнина запленила лимузина дизајнирана по примерот на возилото на стрип-херојот Бетмен.Возилото е изработено по  филмот „Бетмен против Супермен“, а е запленето во центарот на Москва поради стрвавување дека не ги исполнува стандардите за безбедност во сообраќајот.

Лимузината не била  изработена во фабрика, не минала технички преглед и не е регистрирана.

По деталниот преглед, сообраќајната полиција го исклучила возилото од сообраќајот. Полицискиот портпарол изјави дека ниту димензиите на автомобилот, не ги исполнуваат пропишаните критериуми.

Неименуваниот сопственик на „бетмобилот“ има 32 години и живее во Москва. Против него е покрената истрага поради сомневање дека сторил три прекршока. Се товари дека автомобилот нема соодветна документација, бидејќи димензиите му се поголеми од дозволените и бидејќи има некои карактеристики кои не се дозволени во сообраќајот.

Ноодамна слично возило е продаден на рускиот сајт Ауто.ру, а од САД, според пишувањето на медиуми, еден „бетмобил“ е извезен во Русија во 2018 година. Во Русија му била унапредена електрониката, а според пишувањето на рускиот портал РБЦ, продажната цена му изнесувала 840.000 долари. Името на сопственикот не е наведено.