Холивудскиот актер Николас Кејџ новата девојка ја одвел на неговиот гроб, кој го купил уште во 2010 година и го направил во облик на пирамида. На гробиштата во Њу Орлеанс го виделе како се држи за рака со мистериозна девојка, на која и ја покажал гробната пирамида висока три мести. Американските медиуми пишуваат и дека двајцата околу 15 минути ја разгледувале гробницата, двајцата облечени во црни кожни панталони, кожни јакни, бели мајци и црни чизми.
Кејџ е познат како страствен колекционер на чудни предмети. Тука спаѓа и гробницата на која на латински е испишано “Се од едно”. Оваа идеја ја добил по снимањето на филмот„ Национално богатство“ по кој станал опседнат со проучување на историја.