Путин ја откри мистеријата за негов двојник (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/20 11:04 AM

Путин ја откри мистеријата за негов двојник (ВИДЕО)

Претседателот на Русија, Владимир Путин признал дека му е нудено да користи двојник поради сопствена безбедност, но ја одбил таа идеја.

Рускиот претседател раскажува дека тој план бил направен во раните 2000 -ти години, кога Русија водела  војна против сепаратистите од Чеченија.

60 годишен некогашен агент на КГБ, неколку пати патувал во Чеченија во текот на конфликот со претседателот Путин. Со години било предмет на теорија на заговор на интернет, вклучувајќи  и тие да користат двојници поради сопствена безбедност.

Но Путин кој е на власт од 2000 -та година рече дека ја одбил идејата за двојник секој пат кога му е понудена.

Ова прашање му го постави и Андреј Ванденко, кој направил интервју со Путин за новинарската агенција TAS.

Ванденко изјавил дека фразите за „Путнов дублер“ и доказите дека Путин има двојник биле најпопуларни зборови во пребарувањата на интернет во врска со името на рускиот претседател.