Земја што никој не ја вбројува во најзагрозените ја губи битката со „короната“ – петпати повисока смртност отколку во Кина – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/20 8:04 AM

Земја што никој не ја вбројува во најзагрозените ја губи битката со „короната“ – петпати повисока смртност отколку во Кина

Се собира бројот на мртвите во Кина, се читаат извештаи за состојбата со коронавирусот во Јужна Кореја, се следи растот на заболените во Италија, се бележи секој нов случај во балканските земји…

Но, за една земја речиси и не се зборува во врска со коронавирусот. А таму короната е најубиствена. И прашање е дали таму властите ја имаат колку-толку ситуацијата под контрола. Се заташкуваат вистинските размери на епидемијата.

Се работи за Иран, земја со 80 милиони жители, која е многу побиску до Балканот и Европа од Кина. Според официјалните податоци од Техеран, во Иран се регистрирани 245 заболени и 24 мртви од коронавирусот. Во кинеската провинција Хубеи, каде што се појави и е епицентарот на вирусот, смртноста е два отсто. Во Јужна Кореја смртноста е еден отсто, а во Иран – десет отсто, што е шокантно високо.

Иранците стравуваат и оти властите ги кријат вистинските размери на вирусот. Меѓу заразените се споменува и името на заменик-министерот за здравство, потоа на пратеник во парламентот, на декан на медицински факултет, па и на потпретседтелката на Иран, Ебтекар.