Марк Кубан е познат американски претприемач и инвеститор чие богатство се проценува на околу 4 милијарди долари, а за Business Insider го откри советот за кој смета дека е најдобриот кој го добил во животот.
„Денес си најмладиот што некогаш ќе бидеш. Живеј така!“ – две едноставни реченици.
„Тој совет го добив од татко ми. Поентата беше дека почнуваме да мислиме дека сме стари, како го зголемуваме бројот на годините. Потоа, гледаме наназад и сфаќаме колку навистина сме биле млади, а не сме ги искусиле работите кои сме ги сакале затоа што сме мислеле дека сме стари “, објасни Кубан.
Извор: denar.mk