Министерот за здравство Венко Филипче на Facebook објави кратки видеа со основните препораки за заштита од корона вирусот Covid-19.
Ова се мерки кои секој граѓанин може да ги примени и да се заштити себе си и другите околу него. Филипче и доктор Жарко Караџоски потоа зборуваат кои се симптомите и стапката на смртност од корона вирусот Covid-19.
https://www.facebook.com/watch/?v=744504589290200
https://www.facebook.com/watch/?v=1836006713200833
Исто така, на граѓаните им се апелира да останат смирени и дека простор за паника нема. Министерот Филипче апелира компаниите и институциите да не им дозволуваат на оние вработени кои периодов биле во Италија, да доаѓаат на работа зашто тие прво мора да минат 14 дена во домашна изолација – период колку што трае инкубацијата на вирусот. Уште еднаш апелира и да не се патува во земјите каде има епидемија, без некоја поголема потреба. Во однос на заштитните маски, повтори дека претставуваат дополнителен ризик за здравите луѓе и дека е најдобро да ги носат здравствените работници, а за нив засега има доволно маски.
Извор: Кајгана


