Сообраќајот по влажни коловози, на повисоките места остатоци од кашест снег – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/20 8:28 AM

Сообраќајот по влажни коловози, на повисоките места остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места има остатоци од кашест снег, информираат од Автомото сојузот.

Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, Струга и на планинските превои Стража и Ѓавато. Во Крушево и на планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.