Фокус: Прв позитивен случај на корона вирус во Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/20 4:48 PM

Фокус: Прв позитивен случај на корона вирус во Македонија

Во Македонија е регистриран и првиот случај на корона вирус, дознава „Фокус“ од свои извори.

Неофицијално, станува збор за жена која патувала во Италија, земјата каде во последните денови расте бројот на заразени од овој опасен вирус.

Се очекува информацијата да биде потврдена од страна на министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата која што беше закажана  во 16.30 часот, која се уште не е почната.  Заболениот од коронавирус сам се јавил на клиниката за Инфективни болести во Скопје, заедно со уште двајца пациенти. Според она што го објавуваат медиумите во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ забранети се посети, вратите на дел од клиниките се затворени и се врши дезинфекција.