Наставник спречил масакр во училиште во САД – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/18 10:05 AM

Наставник спречил масакр во училиште во САД

Ученик, вооружен со два пиштола, вчера отворил оган и повредил еден ученик и еден наставник во средното училиште во Индијана – информираат американските медиуми.

Наставникот Џејсон Симен од училиштето во Нобелсвил во американската држава Индијана, бил застрелан трипати кога го совладал ученикот на под и ги спасил неговите ученици. Ученикот Итан Стоунбрејкер изјавил дека најверојатно ќе имало уште ранети, ако еден наставник не го совладал напаѓач, кој го извадил пиштолот и отворил оган додека класот пишувал тест.

„Нашиот наставник веднаш скокна врз него, го зеде пиштолот и го сруши на подот. Да не беше тој, сигурно ќе имаше уште повредени“, додал Стоунбрејкер.

Според властите, напаѓачот дејствувал сам, но сепак не даваат повеќе информации.