Филипче најави и можно одложување на карневалот „Прочка“ во Прилеп – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/20 1:54 PM

Филипче најави и можно одложување на карневалот „Прочка“ во Прилеп

Заштитните маски на отворен простор не претставуваат заштита на граѓаните од новиот опасен корона вирус.

Ова денеска го порача министерот за здравство, Венко Филипче говорејќи за состојбите со корона вирусот.

„Со заштитните маски на отворен простор може само да се зголеми ризикот на инфекција. Ние имаме доволна количина на медицинска опрема и маски. Што се однесува до карневалот „Прочка“ во Прилеп, можно е да дојде до одложување. Ќе имаме состанок, ќе одлучиме“, истакна Филипче.