Намалени водостоите на реките – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/20 10:50 AM

Намалени водостоите на реките

Водостоите на сите реки во земјава се под просекот за февруари, а најголем пад на нивото имаат реките Струмица, на мерното место кај Сушево, и Црна Река кај Новаци каде водостоите се за четири, односно за три пати пониски од просечните.

Според последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на двете реки е дополнително намалено во однос на вчерашното.

Водостоите, пак, на природните езера во земјава се исти како вчера, но кај Преспанското и кај Охридското Езеро се пониски за 78, односно за седум сантиметри од повеќегодишниот просек за овој месец, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,91 метро повисоко од просечното.